ССМ - Работнички права е мобилна апликација која на граѓаните им овозможува преку користење на своите мобилни телефони да пријават прекршување на работничките права до Сојузот на Синдикатите на Македонија. Апликацијата нуди можност за:
- Пријавување на прекршено право за себе и за друго лице
- Анонимно пријавување
- Директна комуникација со претставници на ССМ
- Следење на вести и совети од ССМ
Апликацијата е креирана и функционира согласно Законот за заштита на личните податоци. ССМ не ги споделува Вашите податоци со трети лица.
Апликацијата ССМ - Работнички права е поддржана од Меѓународната организација на трудот и Европската Унија, преку проектот Зајакнување на социјалниот дијалог.